Повеќе инвестиции во помалку развиените региони, бараат од СКСЗМ

-

Зголемување на прагот за инвестирање во помалку развиените региони од еден процент од домашниот бруто-производ (БДП) на најмалку 2 до 2,5 проценти од БДП е едно од барањата на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) на денешната средба со Алијансата за Албанците.

Тие оваа мерка ја предлагаат како итна за наредните пет години, земајќи го предвид сегашното ниво на инвестирање, кое изнесува околу 0,03 проценти од БДП.

Комората бара неселективна примена на законите, особено оние во полза на развојот на бизнисот и поттикнување на малите и средните бизниси преку стимулирање на претприемништвото во руралните средини, како и преку промоција на жените во бизнисот.

– Барањата на бизнисмените од СКСЗМ до политичките партии, воедно и до Алијансата за Албанците, се транспарентност и отчетност, намалување на нееднаквоста во регионалниот развој, напуштање на митот за евтина работна сила, нови мерки за зголемување на вработеноста, подготвување на економска платформа за одржлив економски развој и сериозен ангажман за зголемување на порастот на БДП за повеќе од 4 проценти – велат од комората.

Тие предлагаат странските директни инвестиции да се насочуваат рамномерно во сите зони во Македонија за рамномерен економкси пораст на сите плански региони на земјата.

Платформата за економски развој на Македонија вклучува и реформи на јавните и на државните институции, јавни финансии, правна регулатива и др.

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К. (21) од...

Ограничувања во сообраќајот во Скопје поради спортскиот настан „Прв до врв“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради одржувањето на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“ денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од улиците во Скопје. Настанот, организиран од Здружението...

„Нема трагедија, има злосторство“, порачаа роднините на жртвите во Кочани

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани денеска нивни роднини...

Светиниколец пукал со пушка во деца што собирале цреши од неговиот двор

69 годишен жител на Свети Николе бил лишен од слобода откако пукал во деца кои береле цреши во неговиот двор, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14 часот во Свети...

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К....