fbpx

Грција од кредиторите ќе добие 12 милијарди евра

-

Грчката влада постигна договор со меѓународните кредитори за деблокирање на околу 12 милијарди евра неопходни кредити, изјави денеска министерот за финансии, Еуклид Цакалотос, по маратонските преговори.

– Постигнавме договор за сè, вклучувајќи 48 дополнителни мерки за да се овозможи в петок да ни се уплатат 12 милијарди евра – изјави Цакалотос.

Атина во јули со меѓународните кредитори договори нова програма за помош во вредност до 86 милијарди евра, но исплатата на првата транша била блокирана заради неуспех на двете страни за да се договорат околу низа теми, вклучувајќи и заплена на имот во случаите кога должникот не го враќа долгот чијашто отплата е гарантирана со хипотека.

Работната еврогрупа в петок ќе го одобри договорот, со што ќе се овозможи исплата на две милијарди евра помош за Грција и околу 10 милијарди евра за докапитализација на четирите грчки главни банки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...