fbpx

Гостиварско Пожаране, втор македонски Ерусалим

-

Жителите на шарпланинското село Пожаране со возобновување на православните светилишта, сакаат на селото да му го вратат епитетот „македонски Ерусалим“. Во минатото, во Пожаране имало десетина цркви. Денес ги има храмовите посветени на свети Никола и на свети Илија. Наскоро селото ќе добие трето светилиште.

Неодамна почна обновата на црквата „Свети Климент“, која датира од 8 век, но била урната до темели.

– На ова место, свети Климент со неговите ученци поминал и престојувал, затоа што тука поминува патот Виа игнација. Ние моментално го обновуваме храмот „Свети Климент“ и наскоро ќе биде целосно изграден, со помош на селаните од ова населено место. Планираме возобновување и на други храмови, за да се врати некогашниот духовен сјај на селото – изјави Слободан Тофилоски, член на црковниот одбор на Пожаране.

Иницијативата за возобновување на црквата, пожаранци ја покренале за да го заживеат ова шарпланинско село, кое брои 120 куќи, а каде живеат само десетина семејства.

– Со возобновувањето на храмовите, Пожаране ќе биде привлечно место за посета, особено во летниот пеирод кога доаѓаат иселениците, па можеби дел од нив тука ќе го најдат духовниот мир и ќе одлучат да живеат – изјави Боге Војноски, жител на Пожаране.

Веднаш до храмот „Свети Климент“, се наоѓа симболот на Пожаране, даб стар неколку векови, кој, според верувањата, го засадиле учениците на Климент. Иако дрвото е паднато, се планира местото да се обележи како значајно за историјата на селото.

Пред десетина дена, во Пожаране се случија венчавка и крштевка по половина век.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...