Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 2,5 до три денари по литар


       
Скопје, 8 јануари, 2019 - 13:11 (META) 

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 2,5 денари за литар и новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 58,5, а на „еуросупер БС-98“ 60,5 денари за литар.

Дизел горивата поевтинуваат за три денари за литар. Новата малопродажна цена на „еуродизел“ е 55, а на екстра-лесното масло за домаќинство 43,5 денари за литар.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за  9,38 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,274 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.