fbpx

Голем пожар го зафати грчкиот остров Крф

-

Голем шумски пожар го зафати грчкиот остров Крф и излегува од контрола, поради што локалните власти побараа да им бидат испратени авиони „канадери“ како помош при гаснењето на пожарот.

Шефот на пожарникарската служба на Крф, Апостолос Васдекис, за грчката агенција АНА, истакна дека пожарот избил далеку од населените места, но дека силниот ветер ги отежнува напорите на пожарникарите и тоа би можело да го насочи пожарот во непожелен правец.

Во гаснењето на пожарот учестуваат 24 пожарникари, седум пожарникарни возила и два помали авиони.

Причината за пожарот, кој гори на две непристапни места, засега не е позната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...