Во централниот дел на грчкиот остров Евиа од вчера беснее голем пожар, поради што властите прогласија вонредна состојба и евакуираа две села и еден манастир.
Поради пожарот затворен е и дел од главниот пат што минува низ островот, а властите повикаа жителите и туристите да ги користат траектите до Атина, кои сообраќаат постојано.
Во пожарот на Евиа, вториот најголем остров во Грција, по Крит, засега нема загинати и повредени и значителна материјална штета, но грчките власти велат дека ситуацијата постојано се влошува. Пожарот зафатил голема површина под борова шума и забрзано се шири потпомогнат од силниот ветер.
Во гаснењето се вклучени и хеликоптери и авиони.