fbpx

Фекални бактерии во мајонезот причина за труењето на 120 лица во Виница

-

Причина за труењето на 120 граѓани во Виница било присуство на фекални бактерии во мајонезот што го содржеле сендвичите, покажаа резултатите од земените примероци од страна на Центарот за јавно здравје од Кочани.

Осуммина со потешки симптоми, се на болничко лекување на Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип.

Сендвичарницата е затворена се до подобрување на хигиенските услови за подготвка на храна. Од Агенцијата за храна и ветеринарство по лабораториските наоди, утврдиле ниско ниво на одржување на хигиена внатре во објектот, при чувањето на храната со која се подготвувале сендвичите, во просториите каде се подготвува храната, но и личната хигиена на вработените.

– Во анализираните примероци е пронајдено присуство на стафилококни бактерии, што укажува дека носители се лицата што ја подготвуваат храната – појаснуваат од АХВ.

Веќе неколку случаи на масовно труење со храна се регистирирани последните три месеци во Источниот регион. Сите се поради недоржување на хигиена на вработените и просториите каде се подготвува храната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...