fbpx
Таг: Инфективно одделение

таг: Инфективно одделение

Случајот со смртта на пациентката во Штип станува дел од морбиден предизборен маркетинг

Случајот со смртта на 41-годишната пациентка што почина во болницата во Штип се претвора во поле за морбиден партиски натпревар за собирање политички поени пред предвремените локални избори во општина Штип кои треба да се одржат за околу еден месец. Така, координаторот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип и пратеник во македонскиот парламент, Иван Јорданов, денеска, уште пред да...

Штипското инфективно одделение воведе уште две нови телефонски линии за пациентите

По случајот со смртта на 41-годишната пациентка на Инфективното одделение на Клиничката болница од Штип, која повеќе пати се обидувала да го добие на мобилен телефон медицинскиот персонал, отворени се уште две телефонски линии. Ова го потврди портпаролката на болницата, Марина Шуманска, според која, покрај веќе постоечките две, на пациентите ќе им бидат на располагање четири телефонски линии. Во секоја...

На инфективните одделенија во земјава сега се лекуваат 701 пациент

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава било пријавено дека се лекуваат 565 пациенти позитивни и сомнителни за корона вирус. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 145 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на КОВИД -19 вирусот кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 701, соопшти...

Четворица пациенти починаа во едно деноноќие на Инфективното одделение во Штип

Со потврдено присуство на корона вирус на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип во текот на вчерашниот ден починаа тројца пациенти: 52-годишен од Кочани, 68-годишен пациент од Радовиш и 71-годишен пациент од село Дедино, Општина Конче. Починат е уште еден пациент, кој е примен како суспектен. Во Клиничката болница во Штип од ковид-19 се лекуваат 57 пацинети, од кои...

Тројца пациенти од ковид-19 починаа на Инфективното одделение во Штип

Во текот на вчерашниот ден на Инфективното одделение починаа тројца пациенти, кои се лекуваа од ковид-19, потврдија од Клиничката болница во Штип. Најмладиот починат пацинет е 38-годишник од Виница. Освен него, починати се и 71-годишна жена од Пробиштип и 72–годишен кочанчанец. Вчерашниот ден е повторување на изминатата сабота, кога во еден ден починаа тројца пацинети. Според податоците од болницата, на...

Инфективното одделение од Штип предложено за општинското признание „8 Ноември“

На седницата на Советот на општина Штип, во петок (06 ноември) ќе се најдат предлозите за највисокото општинско признание, по повод 8-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Штип. Интензивната работа во изминатите осум месеци од појавата на епидемијата на ковид–19 како единствен голем ковид центар во Источниот регион, Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип го истакна како една од...

Здравствените работници кои се борат со Ковид-19 ќе добијат 20 отсто повисока плата за 2 месеци

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција информираше за нова мерка, со која владата ќе им изрази благодарност на здравствените работници кои директно се борат против Ковид-19 во земјава. Тие ќе добијат 20 отсто повисока плата за 2 месеци, која ќе им биде исплатена преку домашна платежна картичка. - Здравствените работници во битката со Ковид-19 се во првите редови и тие...

Штипската болница на свој трошок набави скафандери за заштита на лекарите на инфективно

Откако Инфективното одделение во Штип беше одредено за изолациски центар за источниот дел на земјата, Клиничката болница побара набавка на маски, скафандери, дефинзфекциски средства и друг неопходен материјал, како заштита при работа на лекарите и персоналот од корона вирусот. Во меѓувреме, додека се чекаа материјалите, Клиничката болница одлучила на свој трошок да набави педесет скафандери. - Се работи за заштита...

Инфективно одделение во регионот на Охрид, Струга и Ресен има само во охридската болница

Во регионот на Охрид, Струга и Ресен одделение за третирање на инфективните заболувања има само во охридската болница. Станува збор за еден од најстарите здравствени објекти во градот, иако тука годишно помош бараат и наоѓаат повеќе од 1.000 пациенти, од оние со сезонски грип па се до пациенти кои страдаат од други вирози во летниот период. Изграден во 1950 година...

Од Инфективното одделение во Штип чекаат известување дека станува изолациски центар

Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип е предвидено да стане еден од четирите изолациски центри во државата, каде што би се сместиле сомнителни случаи и пациенти заразени со корона вирусот. Ова синоќа по завршувањето на состанокот во Центарот за управување со кризи го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Оваа одлука до штипската Клиничка болница сѐ уште не е...

Фекални бактерии во мајонезот причина за труењето на 120 лица во Виница

Причина за труењето на 120 граѓани во Виница било присуство на фекални бактерии во мајонезот што го содржеле сендвичите, покажаа резултатите од земените примероци од страна на Центарот за јавно здравје од Кочани. Осуммина со потешки симптоми, се на болничко лекување на Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип. Сендвичарницата е затворена се до подобрување на хигиенските услови за подготвка на храна....

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...