!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

ЕУ го казни „Фејсбук“ со 110 милиони евра


       
Брисел, 18 мај, 2017 - 12:11 (META) 

Европската Унија ја казни компанијата „Фејсбук“ со 110 милиони евра поради давањето лажни информации во врска со купувањето на апликацијата „ватсап“ (WhatsApp), систем за праќање пораки на мобилни телефони.

Европската комисија денеска соопшти дека „Фејсбук“, кога ја известил Комисијата за преземањето на „Ватсап“ во 2014 година, навел дека не може да „воспостави сигурно автоматско препознавање“ на корисниците на социјалната мрежа со тие на апликацијата.

Сепак, „Ватсап“ во 2016 година понуди можност корисниците да го поврзат својот мобилен телефон со профилот на „Фејсбук“, соопшти Европската комисија.

Еврокомесарката за конкуренција, Маргрет Бестагер, рече дека казната е соодветна и дека служи како средство за одвраќање.

Таа рече дека Комисијата мора да биде во можност да носи одлуки за ефектите од спојувањето на компаниите на конкуренцијата, врз основа на целосно познавање на фактите.