fbpx

Дачиќ: Изјавата на Рама е потврда дека „голема Албанија“ е платформа на сите Албанци

-

Изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама, за обединувањето на Албанија и на Косово е уште една потврда дека создавањето на „голема Албанија“ е заедничка платформа на сите Албанци, што претставува најголема закана за мирот и за стабилноста на Балканот и во Европа, оцени денеска првиот потпретседател на владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

– Ја прашувам меѓународната заедница, што би било ако (Александар) Вучиќ речеше дека е можно обединување на Србија и на Република Српска ако не влеземе во ЕУ? Сигурен сум дека сите би се огласиле и би ја обвиниле Србија за загрозување на мирот. Затоа ги прашувам ЕУ, САД, Велика Британија и другите, до кога ќе молчат кога некој ја загрозува Србија? Или молчењето е знак на одобрување? – стои во писмената изјава на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ.

Рама изјави дека ако преспективите за членство на Западен Балкан во ЕУ продолжат да бледеат, тој не би ја исклучил можноста за обединување на Албанија и на Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...