fbpx
Македонија Страница 1776

Македонија

Променливо облачно и нестабилно време со температура до 35 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе биде пороен и проследен со грмежи. Поголема нестабилност, проследена со грмежи, засилен ветер и со врнежи од град, се очекува во северните и во југозападните делеови...

ОМД: Лидерите да работат Македонија да биде модел за демократија

Сите политички лидери во Македонија да ги тргнат на страна нивните разлики и да ги стават во преден план иднината на државата и на македонските државјани, се вели во писмената изјава на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), по поводот националниот празник 2 Август - Денот...

Прилеп без државни знамиња за Илинден

Прилеп на Илинден осамна без истакнати државни знамиња. Локалната власт, според фотографиите што ги испратија жители на градот, не поставила ниту едно знаме за државниот празник на Република Македонија, 2 Август. Делагација на локалната самоуправа предводена од претседателот на Советот на Општина Прилеп, Никола Димески, претставници...

Иванов: Се однесувавме неодговорно, Македонија е одново пред пресвртница

„Иако слободна, Македонија како сè уште да им робува на поделбите, иако независна и суверена, решенијата за внатрешните прашања сè уште ги бара надвор од неа и иако е обединета во етничката и во верската различност, сè уште е политички длабоко поделена“, рече претседателот...

Груевски: Паметните нации од секоја криза излегуваат посилни

Навраќајќи се на стремежите и оддавајќи почит на жртвите на илинденците и на учесниците во антифашстичката борба, премиерот, Никола Груевски, во свето обраќање пред споменикот на претседателот на Презедиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, во Скопје истакна дека нивната борба е поттик за „нашата борба...

Вељаноски од Пелинце: Историската оценка зависи од делата, а не од зборовите

„Ниту еден проблем не е доволно голем за да не биде совладан доколку целта е Македонија. Ниту еден настан не е доволно голем доколку настапуваме со искрени намери. Ниту еден направен разговор не треба да биде пречка за да почне дијалогот“, истакна претседателот на...

Заев: Втори август е вечен потсетник на заветот за слобода

„Овој светол датум од историјата, 2 Август, кога ги чествуваме Крушевската Република од 1903 и Заседанието на АСНОМ од 1944 година, искажувајќи им почит на хероите кои ги положија своите животи за Македонија, е вечен потсетник на заветот за слобода, оставен на поколенијата, сегашните...

Македонија ги слави двата Илиндена

Република Македонија денеска (2 август) ги слави двата најзначајни историски датума, одбележувајќи 112 години од почетокот на Илинденското востание во 1903 година и од Првото заседание на АСНОМ, во 1944 година. Централната манифестација за одбележување на празникот ќе се одржи во Крушево на Мечкин Камен,...

Претпладне сончево, попладне облачно со дожд

Во Македонија времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со мала од умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а попладне се очекува развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Нестабилно време особено се очекува во...

ЗНМ: МАНУ и Омбудсманот да го предлагаат програмскиот совет на МРТВ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) предлага раководството на јавниот сервис МРТВ да се избира со двотретинско мнозинство, а на предлог на независни и на кредибилни институции, како Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Народниот правобранител, за конечно департизирање и деполитизирање на националниот...

„Ленка“: Можни се предизборни манипулации и од власта и од опозицијата

Движењето за социјална правда „Ленка“ денеска преку соопштение, објавено на нивната интернет-страница, упатува апел и предупредување до јавноста за „можноста од предизборни манипулативни и популистички потфати како на власта, така и на опозицијата“. Според „Ленка“, најголем проблем за најавените предвремени парламентарни избори, закажани за 24...

Се урива филмскиот град во Битола

Се уриваат градбите во поранешната касарна во Битола, каде локалната власт го градеше проектот „Битола филмски град“, објави денеска битолската опозиција. Овој проект беше еден од поекспонираните на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, уште за време на неговиот прв мандат. Битолската опозиција, тргнувајќи од најавите на градоначалникот...

Почна издавањето електронски картички за користење на јавниот превоз во Скопје

Од денеска и официјално почна процесот на издавање електронски картичи за користење на јавниот превоз во Скопје. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Игор Јанушев, денеска ги посетија просториите на ЈСП „Турс“ во која е сместена една од...

Во Прилеп одбележани 101 година од почетокот на Првата светска војна

Амбасадата на Руската федерација во Македонија, со пригодна церемонија во спомен на загинатите руски војници, денеска на Германските гробишта во Прилеп, одбележа 101 година од почетокот на Првата светска војна, односно влегувањето на Русија во војната. По тој повод, делегација од Општина Прилеп предводена од...

Тројца српски државјани загинаа во сообраќајка кај Гевгелија

Тројца српски државјани ги загубиле животите во тешка сообраќајна несреќа што утринава околу 7 часот се случила кај Гевгелија, соопшти Јавното обвинителство. „Во тешката сообраќајна несреќа учествувале две возила, при што едно од возилата удрило во метален столб за вертикална сигнализација. При тоа од настанатите...

Топлото време и продолжениот викенд го преполнија Охрид

Топлото време и августовскиот продолжен, празничен викенд го преполнија Охрид, кој се претвори во тешко прооден град. Нема сомнеж дека ова ќе биде самиот шпиц на главната туристичка сезона, за која од локалната самоуправа велат дека ќе биде една од најуспешните воопшто. Претпладне се создава метеж...

Укинати препораките за заштита од топлото време

Владата донесе одлука за укинување на препораките, донесени оваа недела, а кои се однесуваа на ослободување од работните обврски и препораките за избегнува вршење градежни работи на отворено, поради високата температура, кои требаше да важат до 4 август. Како што соопштуваат од Министерството за здравство,...

Зоран Ставрески во Њујорк: Работно или на одмор?

Министерот за финансии, Зоран Ставрески е во Њујорк, дознава новинската агенција „Мета“. Репортерот на „Мета“ го фотографираше министерот Ставрески вчера, во близина на Музејот на модерна уметност (МОМА), во Њујорк. Од Владата и од Министерството за финансии денеска не добивме одговор дали министерот Ставрески е на...

Променливо време со температура до 37 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, а во попладневните часови се очекува да преовладува облачно и нестабилно време со услови за локални врнежи од дожд, кои ќе бидат поизразени во планинските делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и од...

На Табановце се чека половина час за излез

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопштија од АМСМ. На граничниот премин Табановце има задржување од околу 30 минути, а на другите гранични премини, и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава. Информацијата се однесува...

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...