fbpx

Вељаноски од Пелинце: Историската оценка зависи од делата, а не од зборовите

-

„Ниту еден проблем не е доволно голем за да не биде совладан доколку целта е Македонија. Ниту еден настан не е доволно голем доколку настапуваме со искрени намери. Ниту еден направен разговор не треба да биде пречка за да почне дијалогот“, истакна претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во своето обраќање во Меморијалниот комлекс на АСНОМ во Пелинце, по повод 2 Август – Денот на Републиката.

– Подавам рака на дијалог, на соработка, за нов напредок околу стожерните приоритети на државата… Да покажеме дека ги цениме советите на нашите меѓународни пријатели, но и дека имаме сила самите да разговараме и да ги решаваме проблемите. Да покажеме дека знаеме да решаваме сложени прашања користејќи ги нашите внатрешни сили и капацитети. Да покажеме дека сме држава со сите нишани. Цврсто верувам дека делата, а не зборовите се она од што зависи историската оценка за нас – рече Вељаноски.

Претседателот на Собранието посочи и дека „ниту една политичка бомба не може да предизвика доволно голем политички чад со кој ќе се прикријат субвенциите на земјоделците, километрите изграден автопат, новите работни места, инвестициите и сè друго што е позитивно“.

– Сепак, важно е, исто така, јасно да се подвлече дека демократијата подразбира цврсти институции и постоење правда. Дека постојат закони кои се почитуваат од сите. Затоа да најдеме основа за соработка во кризата која се создаде. Да продолжиме уште повеќе да водиме сметка за Македонија и за граѓаните – рече Вељаноски.

Тој во својот говор во Пелинце нагласи дека главен приоротет и национален интерес останува интеграцијата на Македонија во Европската унија (ЕУ) и во Северноатлантската алијанса (НАТО),

– Нашиот децениски приоритет, нашиот национален интерес, нашата заедничка програмска определба била, е и ќе биде членството во НАТО. Големата идеја за членство на Македонија во Европската унија е национална, државна и сеграѓанска цел – истакна Вељноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...