fbpx
Македонија Страница 1770

Македонија

Груевски во посета на настраданите од поплавите во Тетовско

Премиерот Никола Груевски денеска ги посети Шипковица и Голема Речица, кои беа погодени од големото невреме во Тетовско. При посетата, на жителите на овие населени места, Груевски им вети еднократна парична помош, расчистување и на другите улици и сокаци кои сè уште се затрупани од...

„Макпетрол“: Кривичната пријава на МВР е тенденциозна

„Целата постапка е извршена според законските прописи и легално и нема ниту една повреда на законот“, се вели во известувањето на „Макпетрол“, што го пренесува „Телма“, а во врска со кривичната пријава што МВР денеска ја поднесе против претседателот на управниот одбор на фирмата...

Почна втората фаза од реконструкцијата на булеварот Јане Сандански

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и на Општина Аеродром, Ивица Коневски, го означија почетокот на реконструкцијата на булеварот Јане Сандански, на потегот од катната гаража „Илинден“ до крстосницата со улицата Васко Карангелевски, во должина од 475 метри. - Овој проект е продолжување на проектот...

Првиот човек на „Макпетрол“ и уште 20 лица осомничени за криминал тежок повеќе од шест милиони евра

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 21 лице поради незаконско прелевање капитал од акционерското друштво „Макпетрол“ во Командитното друштво со акции „Оилко“. Десетте членови на управниот одбор, осумте членови на надзорниот, како и тројца одговорни во Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии...

Едно лице загина во свлечиште во селото Бачиште

Во свлечиште во близина на кичевското село Бачиште, кое се случило претпладнево, едно лице загина, а друго се бори за живот. Свлечиштето настанало при работи на пат. Двете лица биле префрлени во Медицинскиот центар во Кичево, каде едниот им подлегнал на повредите.

Се одбележуваат 14 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Денеска се одблежуваат 14 години од потпишувањето на Рамковниот договор во вилата „Билјана“ во Охрид. Со постигнувањето на договорот, на кој се потпишаа тогашниот претседателот на Македонија, Борис Трајковски, претседателите на политичките партии, претставници на ЕУ и на САД, разни советници и експерти, се стави...

АМСМ: Внимателно возење на делниците каде се изведуваат градежни работи

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. Оттаму препорачуваат внимателно возење и почитување на патната сигнализација, особено на местата каде се изведуваат градежни работи. Особено внимание се препорачува за делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, посебно на патните правци...

Денеска сончево и топло, со температура до 38 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура се движи од 12 до 20 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Локвенец губат допир со реалноста

Од СДСМ со своите лаги стануваат бескруполозни, безобразни и сакаат граѓаните при очи, да ги направат слепи, се вели во реакцијата од владејачката партија на денешната прес-конференција на пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец. „Впрочем, СДСМ и Локвенец губат допир со реалноста и држат партиски прес-конференции...

ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп со ново централно греење

Основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане“, со почетокот на учебната сезона, ќе добие ново централно греење. Оваа инвестиција чини 150.000 евра, а средствата се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа. Градоначалникот Марјан Ристески денеска беше во посета на ова училиште и во изјавата за медиумите...

Локвенец: Груевски е непожелна личност во Прилеп

По деветгодишно криминално владеење и сите афери во кои е вплеткан, Никола Груевски, очигледно, е непожелна личност, не само за граѓаните на Прилеп, туку и за партиското членство на ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец. - Кога веќе зборува за патишта, редно беше...

Заев: СДСМ е за гласање на дијаспората, но со одредени измени

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) смета дека гласањето на дијаспората треба да се задржи, но со одредени измени, во согласност со укажувањата на меѓународните организации и извештаи, изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, при денешната средба со жителите на реканскиот крај. - Нашинците во странство,...

ДУИ до крајот на август очекува договор за изборниот закон и за специјалниот обвинител

Демократската унија за интеграција (ДУИ) очекува до крајот на август политичките партии да постигнат договор околу прашањата за изборниот закон и за специјалниот јавен обвинител и потоа со консензус да бидат усвоени во Собранието, по враќањето на опозцијата, на почетокот на септември, било истакнато...

Кампањата може да почне: Сега!

Лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија, Никола Груевски и Зоран Заев, не оставаат ништо на случајноста и веднаш по враќањето од годишните одмори се зафатија со, по сè изгледа, активна политичка кампања, во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за април следната...

ФЗОМ донираше детски играчки на четири здравствени установи

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) донираше играчки, камиончиња, автомобили, кадифени мечиња и кученца во четири јавни здравствени установи: Детска клиника - Скопје, Институт за белодробни заболувања „Козле“, Клиничка болница - Тетово и Општа болница - Охрид. - Со овие играчки ќе си играат децата пациенти на возраст од...

За 24 часа издадени потврди на 614 мигранти

Мобилните тимови на Црвениот крст, вчера до 17 часот, укажале прва помош на вкупно 142 лица, илегални мигранти, меѓу нив и 29 трудници, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Од вкупниот број интервенции, 79 биле на железничката станица во Гевгелија, а 63 интервенции екипите...

Застана работата во рудникот Тораница

Во рудникот на еден од најбогатите Британци, Гокул Бинани, се чека уплата на приднесите од платата за јуни, поради што рударите не можат да користат здравствена заштита. Веќе шести ден рударите од Тораница целосно или делумно ја прекинуваат работата, како предупредување до раководството. Во...

Специјалниот јавен обвинител речиси стокмен, се чека само да се изгласа?

Кругот на кандидати за специјален јавен обвинител е стеснет и се очекува тој навреме да биде избран, дознава „Мета“ од политичките партии кои се вклучени во работните групи за Договорот од Пржино. Според Договорот, личноста што ќе ја преземе оваа функција треба да добие „амин“...

Времето денеска сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево и топло, а максималната температура ќе достигне до 38 Целзиусови степени. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и на ретки грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од...

Груевски: Изборот на нов директор на УЈП е законска постапка

Премиерот Никола Груевски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека изборот на нов директор на Управата за јавни приходи (УЈП) е законска постапка, бидејќи мандатот на актуелниот прв човек на Управата, Горан Трајковски, му завршува на 17 август, пренесува „МКД.мк“. „Можам да кажам дека има...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...