fbpx

Кампањата може да почне: Сега!

-

Лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија, Никола Груевски и Зоран Заев, не оставаат ништо на случајноста и веднаш по враќањето од годишните одмори се зафатија со, по сè изгледа, активна политичка кампања, во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за април следната година.

Пред-предизборната кампања, ако може така да се каже, ја почна Груевски, бидејќи за ВМРО-ДПМНЕ под негово водство неофицијално важи максимата „Нон-стоп во кампања“.

По враќањето од одморот во Израел, Владата на Груевски веднаш почна со измени или целосно укинување на дел од контроверзни закони, како оној за придонеси за хонoрарци, намалување на глобите за фирмите. По ова следуваше турнеја на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Ресен, Демир Хисар и во Прилеп, придружена со отворање игралишта, плажи и со најава за по некоја странска инвестиција и проект.

На активностите на Груевски, најверојатно во идентичен предзборен стил, ќе одговори и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако пред неколку дена се врати од годишниот одмор.

Според агендата што ја најавија од СДСМ, Заев, придружуван од генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, денеска ќе ги посети граѓаните од населените места во општините Маврово Ростуше и Центар Жупа.

Во меѓувреме, двајцата лидери покажаа и знаци на добра волја и оптимизам околу спроведувањето на Договорот од Пржино. Груевски деновиве изјави дека запазувањето на роковите од Договорот е можно ако опозицијата покаже конструктивност во разговорите, додека, пак, Заев вчера и официјално соопшти дека СДСМ на 1 септември се враќа во собраниските клупи, додавајќи дека „Договорот од Пржино ќе резултира со серија законски предлози кои СДСМ ќе ги гласа“, а меѓу кои и тој за специјалниот јавен обвинител.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...