fbpx

Груевски во посета на настраданите од поплавите во Тетовско

-

Премиерот Никола Груевски денеска ги посети Шипковица и Голема Речица, кои беа погодени од големото невреме во Тетовско. При посетата, на жителите на овие населени места, Груевски им вети еднократна парична помош, расчистување и на другите улици и сокаци кои сè уште се затрупани од наносите од камења и од земја и помош во однос на плаќање кирија на тие чии куќи се погодени од поплавите.

Груевски, исто така, најави дека Министерството за животна средина, во координација со Армијата на Македонија, ќе го испитува теренот од каде се претпоставува дека земјата еродирала за превентивно да се дејствува за спречување идни свлечишта.

При посетата во полошкиот регион, беа свечено пуштени во употреба три патни правци. Станува збор за патот Долно Седларце – Брвеница, Брвеница – Челопек и за локалниот пат кој води кон селото Ратае, општина Јегуновце. Дел од овие патишта се  направени пред неколку месеци. За нив, како што истакна Груевски, одвоени се 16 милиони денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.