fbpx

Брисел ќе порача дека не се откажува од проширување кон Западен Балкан

-

Извештајот за проширување на ЕУ, како и извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан, што се очекува да биде објавен утре, ќе треба да покаже дека Брисел не се откажува од идејата, особено зашто со неа се промовира слобода на изразување и на медиумите, напредок на земјите и стабилност на регионот, јавува известувачот за „Мета“ од Брисел.

Иако во Брисел сметаат дека земјите сè уште не се доволно зрели за да станат членки на европското семејство, сепак оценуваат дека нивното интегрирање ќе им помогне и на земјите и на ЕУ, која исто така ќе има придобивка од нив, особено кога станува збор за стабилноста и за економските пазари. Сепак, се очекува во документот да се истакне дека балканските влади ќе мора да испорачаат одржливи резултати и да ги трансформираат нивните општества.

Посебен сегмент ќе биде посветен на фундаменталните вредности, како што се слободата на изразување и реформските процеси кои во земјите од Балканот се одвиваат со различна брзина. ЕУ ќе се обиде да ги поврзе овие значајни точки со економијата и со економскиот развој, затоа што оценува дека странците ќе бидат заинтересирани за земјите од регионот доколку во нив има владеење на правото и независно судство.

Посебно ќе се истакне дека земјите не треба само да ги имаат на хартија законските прописи и регулативи, туку истите да ги имплементираат и да се применуваат. Со други зборови, во борбата против корупцијата и криминалот, не треба да се оди само по малите и средните, туку неселективно и против големите играчи.

Забелешките во извештајот, како што сметаат во Брисел, се само насоки за владите, а не наметнати директиви. Сепак, владите и политичките лидери треба да ја преземат одговорноста за нивно спроведување. Извештајот, како што велат, претставува алатка за исправување на некои работи, а не за „попување“ и за расправии.

Заеднички за сите земји, вклучувајќи ја и Македонија, ќе бидат забелешките за борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и за слободата на говорот и на медиумите, која во последните години во регионот бележи опаѓање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...