fbpx

Беса: Не сме за вакви реформи кои почнуваат со ДУИ

-

Движењето Беса нема да ја поддржи кандидатурата на Талат Џафери за претседател на Собранието бидејќи смета дека е наметната.

На прес-конференција во Собранието, од Беса изјавија дека тие имаат свој предлог-кандидат односно човек кој е со кредибилитет и не е поврзан со криминал и корупција, но дека нивниот кандидат не бил земен в предвид од СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците.

„Ова значи дека, помеѓу кандидат на Беса и на ДУИ, СДСМ одлучи да биде со ДУИ. Денеска конечно паднаа маските за ‘реформска епоха’, за ‘уривање на режим и за ‘смена на курсот на земјата’. Бившиот министер на Никола Груевски, осудениот заради закана по смрт на службено лице во 2008 година, министерот кој, злоупотребувајќи ја својата службена должност, даваше хонорари по своја желба, за што доби сериозни забелешки и од Антикорупциската комисија, денеска се предлага да биде прв човек што ќе остави белег на една реформска влада. Ако вака започнуваат реформите, тогаш можеме да се согласиме дека имаме погрешна перцепција за поимот реформа. Ако со ДУИ започнува првата алка на реформите, тогаш – ви благодариме – но, ние не сме за такви реформи. Партијата што десет години по ред му служеше на Никола Груевски и заедно со него се главните виновници за оваа криза, кои зад себе оставија монтирани политички процеси, сиромаштија, иселување, оддалечување од евро-интеграциските процеси, не може да донесе реформи“, велат од Беса.

Од партијата нагласија дека остануваат посветени на реформската агенда, евро-атлантскиот курс на земјата и за имплементација на Заедничката декларација на албанските политички партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...