fbpx

Бејли: Посетата на потпретседателот Пенс е потврда за посветеноста на САД на регионот

-

Учеството на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, на состанок на Јадранската повелба на 2 август во Подгорица, со кој ќе претседава Република Македонија, е потврда за посветеноста на Вашингтон на регионот, изјави американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли.

– Посетата на потпретседателот Пенс е, пред сè, за да зборува со партнерите и со сојузниците од регионот за посветеноста на САД на овој регион. Мислам дека ќе слушнеме пораки на таа тема. Тоа е суштинската цел на посетата. Јадранската повелба, од која САД се дел преку Република Македонија и другите регионални членки, е прекрасен форум на кој тој ќе може да зборува и да се запознае со лидери од регионот – изјави Бејли по испраќањето контингент на АРМ на меѓународната вежба „Сајбер гардиан 2017“.

Според Бејли, Јадранската повелба е важен форум кој работи на членството во НАТО на нејзините членки, но и како форум за регионална безбедност.

– Три од членките на Јадранската повелба сега се членки на НАТО и се надевам дека и другите ќе одат во истата насока. Тоа не се случуваше секогаш со брзината што сите би сакале да ја видиме, но повелбата останува не само како форум на кој се работи на членството во НАТО, туку и форум за регионална безбедност. Има земји набљудувачки, земји членки и повелбата е важен форум за регионална безбедност и соработка – додаде Бејли.

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс, на 2 август во Подгорица ќе учествува на средбата на високи претставници на земјите членки и на земјите набљудувачи на Јадранската повелба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...