This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Thu Dec 13 17:50:37 2018 / +0000 GMT

Бејли: Не бев во Собранието, гласањето го следев на телевизија




По обвинувањата од руското Министерство за надворешни работи дека амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, бил во Собранието во текот на гласањето за почнување на уставните измени, тој вчера за телевизијата 21 ги негираше таквите тврдења, велејќи дека гласањето го гледал на телевизија, од неговата дневна соба.

- Јас тој ден работев во мојата канцеларија, учествував на настанот организиран од амбасадата вечерта и како повеќето граѓани на Македонија го следев гласањето на телевизија од мојата дневна соба - вели Бејли за телевизијата 21.

Како што вели тој пред камерата на ТВ21, сè што сториле од амбасадата на САД е изјавата со која го поздравиле гласањето.

- Јасно е дека се апсурдни обвиненијата дека САД нелегално се вмешани и влијаеле на гласањето во Собрание, тоа е апсурдно. Како што изјавивме, ние го поздравивме гласањето во Собранието на Македонија за иницирање на уставни измени и спроведување на Преспанскиот договор - вели Бејли.

Пред два дена Руското МНР обвини дека 8-те гласа од опозицијата се обезбедени со уцена, закани и поткуп.

„Пратениците се затворија во канцелариите, телефоните им беа одземени, се чини во духот на европската демократска пракса. Вреди да се спомне дека американскиот амбасадор бил во Парламентот до крајот на седницата, нешто што остава сомнеж за тоа кој го раководел овој процес“, порача во соопштението руското МНР.

Post date: 2018-10-25 09:47:57
Post date GMT: 2018-10-25 07:47:57
Post modified date: 2018-10-25 09:47:57
Post modified date GMT: 2018-10-25 07:47:57

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com