fbpx

Земјотрес со магнитуда од 6,4 степени го погоди Тибет

-

Земјотрес со магнитуда од 6,4 степени го погоди кинескиот хималајски регион Тибет, соопшти американскиот геолошки институт, додавајќи дека потресот бил на длабочина од 32 километри.

Потресот се случил на 17 километри од кинескиот град Адуа и на 294 километри од градот Чамдо.
Епицентарот на земјотресот бил на 509 километри од градот Ласа, главниот град на автономниот регион Тибет.

Хималајскиот регион се смета за еден од сеизмички најактивните региони во светот, а тоа е последица на честите судири меѓу тектонските плочи на Индија и на Евроазија.

Тибетското плато, кое е лоцирано северно од Хималаи и се протега на околу 1.000 километри на север и на југ и на 2.500 километри на исток и на запад, е геолошки и тектонски комплексно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...