fbpx

Застареното ракетно гориво од скопско Волково транспортирано во Србија

-

Владата го решила проблемот со уште една горлива еколошка точка во главниот град. Неколкуте тони застарено ракетно гориво за градобијни ракети и друг експлозивен материјал лоциран меѓу Ново Село и Волково во Скопје, се транспортирани во Србија, информираат од владината прес – служба.

Станува збор за голема количина опасни и експлозивни ствари што се сместени во кругот на поранешната компанија АД „Теас – Темко“, кои со години лежеа во стоваришниот простор во близина на населено место. Ова гориво со години претставуваше едно од најголемите загадувачки жаришта во Скопје како опасност за животната средина, безбедноста и за здравјето на граѓаните.

За отстранување на неколкуте тони застарено ракетно гориво за градобијни рекети и друг експлозивен материјал првично биле побарани 850.000 евра, но од владата информираат дека целокупната постапка за продажба и чистење на теренот се спровела без ниту еден денар надомест за компанијата.

„Постапката за повик и избор на понуда за оваа акција ја спроведе Генералниот секретаријат, постапувајќи согласно заклучокот на Владата донесен на 118 седница на Владата, при што ја прифати понудата на компанијата „Трајал“ од Република Србија“, се наведува во владиното соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...