Во париското предградие Енгхиен-ле-Баинс се одвива заложничка драма, откако бомбаш упаднал во гимназија.

Полицијата засега не открива за кое училиште станува збор ниту, пак, колку лица држи бомбашот, кој се заканува дека ќе се разнесе.

Сепак, според најновите информации во медиумите, драмата не се одвива во самото училиште, туку во негова непосредна близина.

Антитерористичките единици се на терен, јавуваат медиумите.