Заев се сретна со Хиса, амбасадорот на Косово во Македонија

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Косово во Македонија, Илбер Хиса.

Тие разговарале за актуелната политичка криза во Македонија и за конфликтот што се случи во Куманово.

„Во врска со политичката ситуација, разменети беа детали околу неуспешноста на преговорите и очекувањата од доаѓањето на помошничката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, и на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.  Евентуални предлози од меѓународните претставници што се приближни на ставовите на СДСМ, а со кои се овозможува опозицијата да биде гарант на враќање на демократските институции и на организирање фер и демократски избори, се вредни за размислување, рече претседателот Заев. На средбата беа разменети информации помеѓу претседателот на СДСМ, Заев, и амбасадорот на Косово, Хиса, за конфликтот во Куманово“, стои во соопштението од СДСМ.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...