fbpx

Вредноста на средствата на задолжителните пензиски фондови достигна 537 милиони евра

-

Бројот на членови во пензиските друштва во вториот пензиски столб од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, изнесува околу 373.000, што претставува 70 проценти од вкупниот број осигуреници во Фондот на ПИОМ.

Директорот на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување, Булент Дервиши, на денешната прес-конференција соопшти дека лани во вториот столб биле уплатени околу 4,5 милијарди денари.

Вредноста на средствата на задолжителните пензиски фондови на крајот на минатата година се зголемила за 23 проценти во однос на 2013 година и достигнала 33 милијарди денари или околу 537 милиони евра.

Задолжителните пензиски фондови најмногу инвестирале во домашни хартии од вредност, 58 проценти, во депозити, 11 проценти, и во акции, 3 проценти. На инвестиции во странство во акции отпаѓаат 5 проценти и на удели на инвестициски фондови – 22 проценти.

Лани биле извршени околу 100 исплати на пензиски надомест од третиот столб. Најголем дел од исплатите се во случај на старост со еднократно повлекување на средствата, а мал дел се исплати за случај на смрт со исплата на наследство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...