fbpx

Заев: СДСМ се бори за уставна еднаквост на гласот на дијаспората

-

СДСМ не е против дијаспората да гласа, туку се бори за уставна еднаквост на гласот, изјави лидерот на опозицискиот СДМС, Зоран Заев.

– Нашиот предлог е да има цензус и да се бира пратеник со исто онолку гласови со колку што се избира во Македонија. Или, гласовите на нашинците коишто гласаат во дијаспората, да влезат овде во една изборна единица или во колку и да се на крајот изборни единици, и на тој начин да добијат ист, еднаков третман со гласот на граѓаните, без разлика дали се работи за граѓани во Македонија или граѓани, наши Македонци коишто живеат во дијаспората. Така што, овие решенија се многу принципиелни, уставно возможни и единствено потребни, за да може нашата дијаспора да гласа – изјави Заев.

Лидерот на СДСМ соопшти дека белгискиот олеснувач Питер ван Хојте утре на работните групи ќе им го презентира конечното решение на законскиот текст.

– Се надевам дека тука ќе биде веќе конечно сѐ усогласено за веднаш по празничните денови, односно од вторник, да биде преточен како законско решение во парламентот и да биде донесен. Велам, се надевам, заради тоа што доволно време изгубивме, има уште многу теми кои треба да се дебатираат, медиумите, законот за свиркачите, правосудството и промените во правосудството, и многу други препораки од извештајот на ЕУ, а се вградени во Договорот од Пржино – рече Заев.

Во врска со можноста пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, повторно да го активира законот за мораториум на „бомбите“, Заев рече дека на тоа ќе одговори со објавување „бомби“ од парламентарната говорница.

– Такво законско решение нема шанси да се донесе во Македонија и тоа во стилот на Талат Џафери и блокадата на законот за бранителите. Така што, бегање од оваа работа нема. Уште еднаш да појаснам. Разговарано е уште по летните одмори да се донесе законско решение со кое ќе се забрани понатамошно објавување материјали кои задираат во приватноста на граѓаните, но, заедно со закон за свиркачите или соработниците на правдата, за, ако некој друг го злоупотреби системот на УБК за прислушување, да знаат ваквите свиркачи или соработници на правдата дека ќе бидат заштитени и тоа да можат да го пријават во институциите на системот. А, цензура, или да се избрише тоа што е објавено, никаде во светот не постои, ниту во нашата Македонија – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...