fbpx

Под катанец Центарот за аутизам во Штип

-

Две недели откако министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заедно со градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, ја пресече лентата на Центарот за деца со аутизам, вратата со излепени цветчиња е под катанец. Центарот, на разочарување на родителите, кои очекуваа згрижување на дваесетина деца со аутизам, никогаш не проработи.

– Вашата мака е најголема, ние сме тука колку можеме да ви помогнеме. Овој дневен центар ќе им помогне на родителите, нема да ги реши сите проблеми, меѓутоа во секој случај ќе значи дополнителна поддршка – му рече на еден родител на отворањето министерот Диме Спасов.

Тони Мијалков е татко на дете со аутизам, кој потроши неколку години во обид да го сврти вниманието на државата кон проблемот со немањето простор за згрижување на вакви деца. Мијалков не можеше да го скрие разочарувањето што центарот е под катанец.

– Ми се крши срцето што центарот не функционира. Нашите деца се дома. Отворањето на центарот беше првиот чекор. Следното беше борба да обезбедиме место за нашите деца кога ние, родителите, ќе заминеме од овој свет. Нема таква институција што може да ги згрижи – изјави Мијалков.

Министерот Спасов не можеше да го скрие изненадувањето кога беше прашан од новинарите зошто не работи центарот, но брзо одговори.

– Овој центар во Штип веќе работи. Планираме мрежа на вакви центри низ градовите во Македонија – изјави Спасов во Кочани.

Родителите се разочарани од тоа што дури центарот и да проработи, со нивните деца нема да работат стручни лица, како што бара законот. Наместо стручни лица, обучени на курсеви за работа со аутистични деца, во центарот ќе работат негуватели и само еден социјален работник.

Од Министерството за труд и социјална политика засега нема одговор зошто овој центар е под катанец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...