fbpx

Турција прогласи тридневна жалост – 86 загинати и 190 ранети во напад во Анкара

-

Осумдесет и шест загинати и повеќе од 190 повредени е последниот биланс од терористичкиот напад во Анкара.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу прогласи тридневна жалост поради терористичкиот напад и соопшти дека постојат докази дека двајца бомбаши-самоубици го извршиле нападот во близина на железничката станица, за време на почетокот на мирниот протест против тензиите меѓу курдските милитанти и турската полиција.

– Тоа е напад врз цела Турција, против турската демократија – посочи Давутоглу.

Турските медиуми јавуваат дека ова е најкрвавиот напад во 92-годишната историја на Република Турција. Засега ниту една терористичка организација не ја презеде одговорноста за нападот.

https://www.youtube.com/watch?v=xocmSvemKf0

– Зад нападот може да се одговорни сите терористички организации кои дејствуваат во Турција. Потенцијално осомничени се Исламска држава, Курдската работничка партија (ПКК) и ултралевичарските Марксистичко-ленинистичка комунистичка партија и Револуционерна партија и фронт за народно ослободување. Сите тие се способни за таков напад. Независно кој го изврши нападот, извршил напад врз човештвото – наведе Давутоглу.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека нападот, која се случува на неколку недели пред изборите, е чин на тероризам и е „одвратен“.

Прокурдската ХДП партијата, чии членови исто така биле дел од протестот, во соопштението истакна дека нејзините членови веројатно биле главната мета да нападот. Лидерот на ХДП ја обвини државата и разузнавачките служби за нападот, кој го нарече „голем масакр“, и ги откажа сите предизборни собири.

Политичкото крило ПКК ги повика своите борци да ги запрат сите активности и напади до изборите во Турција, закажани за 1 ноември и оти можат да дејствуваат само доколку бидат нападнати. Курските милитанти и турската власт во јули го прекинаа примирјето и оттогаш се забележани напади од двете страни, кои придонесуваат за зголемена тензија меѓу Курдите и Турците во Турција.

Во меѓувреме, околу 2.000 лица излегоа на улиците на Истанбул за да го осудат нападот во главниот град на Турција. Демонстрантите извикувајќи пароли против претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговата владејачка Партија на правдата и развојот, го обвинија државниот врв за денешниот напад. На социјалните мрежи се појавија информации и фотографии дека демонстрантите се судриле со полицијата. Засега нема податоци за повредени.

Осуда на денешниот напад и сочувство до семејствата на загинатите денеска упати и Белата куќа.

– Фактот дека овој напад е извршен пред планираниот мировен марш укажува на изопаченоста на луѓето кои го извршија и е уште еден потсетник на неопходноста дека земјите во регионот се соочуваат со безбедносни предизвици, се наведува во соопштението од Белата куќа.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун го осуди нападот во Анкара и повика извршителите што побрзо да бидат изнесе пред судот на правдата.

Истовремено, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека нема оправдување за грозоморниот напад, а германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека нападот во Анкара е напад врз граѓанските права, демократијата и мирот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...