fbpx

Заев од Виена побара политичките гласови за европските вредности да бидат погласни

-

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на покана на австрискиот канцелар Себастијан Курц.

На конференцијата за новинарите, премиерот Заев информираше дека во македонско-бугарскиот пријателски дијалог, е направен голем европски исчекор и изрази силно уверување дека низ овој процес, наскоро, Западен Балкан на Европа ќе и донесе нова позитивна вест.

„Ја враќаме довербата меѓу двете држави и меѓу нашите многу блиски, би рекол братски народи. И барам поддршка од сите вас на тој пат. Европската перспектива мора да го победи евроскептицизмот“, подвлече премиерот Заев.

Премиерот Заев истакнувајќи ја политичката поддршка за политиката на проширување и јасна перспектива на ЕУ за Западен Балкан, која тој лично ја добил при средбите со европските лидери, како и сите највисоки претставници на Европската Унија, подвлече дека, во таа насока, „сега е многу важно и во пресрет на конференцијата „Иднината на Европа“ политичките гласови за вредностите на обединета Европа, како во земјите-членки на ЕУ, така и во земјите за проширување да бидат многу погласни“.

Премиерот Заев повтори дека Република Северна Македонија е јасен пример за тоа дека европската перспектива е силна и јасна порака која има големо значење за одржување и засилување на темпото на спроведување на реформите во државата, кои носат конкретни придобивки на граѓаните и го подобруваат квалитетот на животот.

„Во март минатата година, Советот на ЕУ едногласно даде зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија, вклучително и Бугарија потврди дека нашите резултати и капацитети, и нашата подготвеност за почеток на преговори се неспорни. Затоа бараме, ЕУ да ја исполни својата фундаментална обврска и да ги препознава и чува како непроценливо богатство историските и идентитетски различности на нациите на Европскиот континент“, порача Заев.

Заев учествуваше на пленарен состанок заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерите на Црна Гора и Косово, Здравко Кривокапиќ и Албин Курти, како и Зоран Тегелтија, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина, албанската министерка за инфраструктура и енергија, Белинда Балуку и посебниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак.

„Да ја направиме заеднички 2021 година како година за паметење, година во која ќе биде направен силен исчекор напред бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската Унија. Евроинтеграциите не се трка на кратки патеки, туку маратон со крајна цел – европеизирање на нашата земја. Мандатот добиен од граѓаните ја вклучува и таа цел и додека не ја постигнеме – нема да запреме“, заклучи премиерот Заев денеска на пленарната сесија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...