Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово -5, Тетово – 2  и Кичево – 1.

Регистрирани се две починати лица: од Скопје (80г) и Куманово (73г).Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.612, бројката на оздравени пациенти е 149.722, на починати е 5.474, а бројот на активни случаи изнесува 416.