fbpx

Заев од Софија: Бараме влада по примерот на Бугарија

-

Нашето барање е да има преодна влада која во рок од шест до девет месеци Македонија ќе ја подготви за парламентарни избори, изјави лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, Зоран Заев, по средбата со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, во Софија, пренесе новинската агенцијата „Фокус“.

– Веќе почнавме разговори во Македонија, а во вторник комесарот за регионална политика на ЕУ, Јоханес Хан, ќе допатува во Македонија и заедно со него ќе се обидеме да почнеме преговори – изјави Заев.

Според него, нивното барање е по примерот на Бугарија да се создаде преодна влада без влијание на двете најголеми партии.

– Така на демократски начин ќе ја подготвиме Македонија за избори преку нов изборен закон, нови изборни листи. Ќе се подготви Комисијата за борба против корупцијата, Државната изборна комисија и ќе се надминат многу од слабостите на системот за да може да излеземе на фер и демократски избори. Народот ќе ја даде власта на кого што мисли дека треба и тој ќе одлучи по кој пат ќе се движи Македонија. Редно е политичарите, по одржувањето фер и демократски избори, да си подадат рака и заедно да ја градат иднината на својата земја – рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...