fbpx

Заев: Груевски на фер избори ќе добие референдумско „не“

-

„Во Македонија нема институции каде човек може да се пожали, нема правда, нема одговорност од властите како се трошат парите на граѓаните, не важи закон, нема медиуми што ќе известат за тоа. Ова го кажувам затоа што сум зборел со премногу луѓе изминатиов период и сите го потврдуваат тоа“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на Меѓународната конференција „Обезбедување на базичните услови за демократска Македонија“, која денеска се одржа во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.

– Има закани, уцени, притисоци, репресија, рекет. Си или не си поддржувач на власта. Може во секое време да бидеш парично казнет. Може да бидеш затворски казнет. Да ти ставаат пиштол в уста. Да ти урнат милионска инвестиција. Да те преместуваат, да те бркаат од работа, од ќеф, за одмазда. Може да добиеш и закана дека ќе завршиш во ендек, слушнавме и такви намери и тоа од шеф на кабинет на Никола Груевски, тогаш премиер. Местото на Македонија и на нејзините граѓани е во Еврпската Унија, рамо до рамо со соседите од регионот. Бескрупулозно ги погазуваат основните начела на кои почива една демократија, Уставот, законите, институциите, човековите права – рече Заев.

Според него, последен доказ за тоа е апсурдот на газење на Уставот од институцијата што треба да го брани – Уставниот суд.

– Сите слушнавме како биле избирани судиите од тефтерчето на Јанкулоска и за нас во Македонија не е за изненадување оваа одлука на Уставнио т суд. Особено не по огласувањето на Специјалното јавно обвинителство, кое отвори истрага за злосторничко здружување за изборни грабежи, повреда на избирачко право, повреда на слобода на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување избирачки материјали, злоупотреба на средства од изборна кампања и меѓу првите осомничени е токму Гордана Јанкулоска, како тогашна министерка за внатрешни работи – вели Заев.

Според него, токму тоа е причината што Македонија не е демократија туку хибриден режим.

Лидерот на СДСМ вели дека прв базичен услов за демократска Македонија се фер и регуларни избори. Според него, мора да има фер и регуларен предизборен и изборен процес и легитимен победник признаен од сите.

– Изборите мора да се спроведат со доверлив, чист избирачки список, а не со илјадници непостоечки гласачи, со измислени матични броеви, сместени на непостоечки адреси, луѓе кои гласале по неколкупати, граѓани на Македонија, не само како што ги нарече Гордана Јанкулоска „човечиња“ од Пустец. Медиумите имаат обврска да обезбедат рамноправна застапеност на политичките субјекти. Професионалните стандарди, етичкиот кодекс, нормализацијата на медиумскиот простор се обврска од Договорот во Пржино, како и обврска на сите други активни чинители во општеството: новинарите, новинарските здруженија, медиумите, невладиниот сектор. Никола Груевски многу сака да се крие зад зборот „народ“ и зад значењето на граѓаните. Јас сум убеден, на слободни и фер избори, Груевски ќе добие референдумско „не“ од граѓаните. Македонија ќе добие референдумско „да“ за одговорна влада што ќе ја предводи СДСМ – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Денеска, на 5 Мај, во земјава се одбележува Денот на македонскиот јазик. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека откако пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука, континуираниот развој на...