fbpx

Заев: Груевски го нема никаде затоа што знае колку му е валкано владеењето

-

Убеденоста во овие докази и аргументи што потврдуваат дека не постои слобода и демократија во Македонија, дека не постои слободно изразена волја на граѓаните за време на избори, е толку силна, што секако ни дава право да го ставиме во залог нашиот политички кредибилитет како политичари, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешната трибина во Крива Паланка.

– Некој вели вака: „Добро Заев, го ставаш во залог својот политички кредибилитет, ако не успееш, ќе заминеш“. Не, ставам сè што имам јас, овие луѓе околу мене како лидери на партии, раководството на општинските организации… Сè додека не успееме Груевски да замине, ова нема да застане! Е толку силно веруваме во овие докази и аргументи! Без разлика дали ќе се отворат преговори помеѓу власта и опозицијата, вистината на граѓаните никој нема право да им ја сокрива. Без разлика дали ќе се отворат преговори со власта или не, ние ќе направиме сè, само власта да замине. Ние сме поинакви и ќе бидеме поинакви од нив. Ние постоиме за Македонија – рече Зоран Заев.

Тој повтори дека кога ќе ги соопштат доказите, за три дена Груевски ќе треба да даде оставка, но, за жал, додаде, „и нашата глава ќе остане наведната“.

– Во која земја го има тоа претседателот на опозицијата толку силно да ја фрли ракавицата, а го нема премиерот никаде?! Чесен премиер, без тегови на душата, чисто, кристално, јасно поставен во општеството излегува и вели: „Ајде Заев, кажувај кои се доказите. Вади ги на маса“. Го нема? Го нема! Го нема поради тоа што знае колку му е валкано владеењето зад него – рече Заев.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...