За слободата на обвинетите во „Монструм“ сега треба да одлучува Кривичниот суд

-

Дали по укинувањето на пресудите на кривичниот и на Апелацискиот суд во Скопје обвинетите во случајот „Монструм“ ќе останат во притвор или ќе се бранат од слобода во текот на повторното судење, ќе одлучува Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1.

Ова за „Мета“ го изјави адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на дел од обвинетите во случајот.

Рауфи вели дека очекува Кривичниот совет да го укине притворот и, евентуално, на обвинетите да им одреди други поблаги мерки на претпазливост – одземање пасош, обврска за јавување во суд, забрана за напуштање на живеалиште…

Врховниот суд денеска соопшти дека донел пресуда со која ги укинува пресудите за „Монструм“ и го враќа случајот на повторно судење.

За Рауфи ваквата одлука на највисокиот суд била очекува и според неговите информации, пресудата била донесена едногласно од петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд.

За петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, Кривичниот суд во Скопје на доживотен затвор ги осуди Алил Демири, Африм и Аѓим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Самил Љута, а Апелацискиот суд Скопје ја потврди ваквата пресуда. Двете пресуди, кои беа неправосилни, сега се укинати од Врховниот суд.

На Алил Демири и на Африм Исмаиловиќ им се судеше во отсуство бидејќи побегнаа на Косово, каде беа уапсени за поседување оружје и по отслужувањето на дветгодишната затворска казна беа пуштени на слобода. Косовоските власти одбија да ги екстрадираат во земјава.

Масакрот кај Смиљковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката...