fbpx

За Каракачанов бугарските војници биле ослободители, а не окупатори

-

Красимир Каракачанов, ноторен негатор на македонскиот национален идентитет, претседател на бугарската партија ВМРО-БНД и бугарски вицепремиер и министер за одбраната, вчера во изјава за медиумите во Владата на Бугарија, порача дека Македонија греши со прославувањата на 11 Октомври, Ден на народното востание, и наместо тоа требало да се празнува 20 април 1941 година, кога, како што вели „целиот народ со леб и сол и биење на камбаните ги пречекувал бугарските војски“.

– Што празнуваат  – востанието против бугарскиот фашистички оператор? А што се случува тогаш? Една група млади комунисти со пароли „Да живее Сталин“, „Да живее Црвената армија“ напаѓаат полициски участок, убиваат еден полицаец, рануваат друг. Тоа им е национален празник. Зошто не го празнувате 20 април 1941 година, кога целиот народ ги пречекуваше со леб и сол и црковни камбани бугарските војски? Не го празнуваат денот во којшто ги ослободивме од српското ропство, кои им ги беа смениле имињата, забрануваа да се нарекуваат Бугари, па и Македонци, ги превртуваа плочите на нивните татковци, за да не се гледа дека пишува на бугарски. Ги нарекуваа Јужни Срби, ги убиваа со митралези. Е тоа тие го заборавија  – дека доаѓа бугарската армија во 41-ва година и ги ослободува – рече, меѓу другото, Каракачанов.

Огромен дел од тврдењата на Каракачанов може слободно да се именуваат невистинито претставување на состојбата и на фактите. Еве зошто!

За почеток, 11 Октомври е државен празник во Македонија со кој се одбележува почетокот на организираниот отпор против фашистичка Бугарија и нацистичка Германија, односно првата покрупна акција на герилска војна против бугарската окупациска власт. Но акции од помал обем се случувале и претходно. Отпорот понатаму, се омасовува и се случуваат уште многу други акции и битки до крајот на Втората светска војна. Што би се рекло, Македонија празнувајќи го почетокот на борбата против окупаторот Бугарија, која во Втората светска војна е дел од Оската, ја одбележува целата борба за ослободување на македонскиот народ.

Во поглед на „сугестијата“ на Красимир Каракачанов Македонија да го празнува денот на влегување на бугарските (но и на германски) војски на македонска територија, помалку од половината од она што го кажува е точно.

Имено, иако е несомнено дека бугарските војски во април 1941 година навистина биле пречекувани во многу населени места од некои Македонци – а не сите Македонци во тие населени места – со цвеќиња и леб и сол, но како што обемната историографија досега го пишувала, генерално погледнато не станувало збор ниту за половина од македонското население, а во некои места имало и протести против пристигнувањето на бугарските војници.

Една вистинита работа што Каракачанов ја кажува е секако тоа дека во Кралството СХС и потоа во неговиот наследник Кралството Југославија, Македонците биле нарекувани Јужносрбијанци и им биле менувани презимињата. Но истото тоа го прави потоа и бугарската окупаторска власт во окупацијата во Втората светска војна, исто така, против волјата на домашното население, за што исто така има обемен материјал.

Една од најголемите нелогичности од денешната изјава на Каракачанов е дека не требало да се празнува 11 Октомври, туку 20 април 1941 година, кога Бугарија „ја ослободила“ Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...