fbpx

За Бугарите од странство, Софија нуди бесплатно студирање и стипендии

-

Со промените на четирите нормативни акти што бугарската влада ги усвои денеска, од школарина за државните виши школи и факултети во Бугарија ќе бидат ослободени сите студенти од бугарската дијаспора во Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово, Молдавија и Украина. Студентите од овие земји сега плаќаат школарина колку жителите на Бугарија, освен ако нема двостран договор за ослободување од школарина со земјата од која доаѓаат, јавуваат бугарските медиуми, повикувајќи се на соопштение од бугарската влада.

Со промените што ги воведе владата, чија очигледна намера е стимулација на лицата со бугарска самосвест во погоренаведените земји, се предвидени и државни стипендии од 240 лева (малку помалу од 120 евра) за ваквите студенти, но и докторантите и специјализантите од вишите и високите школи и научните организации.

Измените ќе почнат да важат од почетокот на учебната 2020/21 година.
Уште една од измените што се предвидува е вклучување на бугарските неделни училишта во странство и на бугарските дипломатско-конзуларни претставништва во организирање и спроведувањето на постапките за прием на студентите, докторанти и специјализанти – Бугари што живеат вон границите на Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...