fbpx

За 24 часа 277 нови случаи на Ковид-19, 132 оздравени и 14 починати лица

-

Изминатите 24 часа биле регистрирани 277 нови случаи на заболени од Ковид 19 од 2635 тестови и 14 починати лица, информира министерството за здравство според податоците добиени од Институтот за јавно здравје. Новите случаи на заболени се регистрирани во Скопје – 141, Прилеп – 23, Битола – 20, Куманово – 17, Кавадарци – 14, Велес и Охрид – по 9, Кичево и Струмица – по 7, Гостивар, Крива Паланка и Струга – по 4, Гевгелија – 3, Богданци, Кочани, Неготино, Ресен и Тетово – по 2, Валандово, Дебар, Кратово, Крушево и Штип по еден заболен. Од нив во 44 случаи се работи за реинфекции.

Во последното деноноќие регистрирани сe и 132 оздравени пациенти од Куманово – 16, Прилеп – 15, Битола – 14, Охрид – 13, Скопје – 11, Велес – 10, Струга – 8, Кавадарци и Ресен – по 6, Дебар и Демир Хисар – по 5, Гевгелија – 4, Тетово, Гостивар, Штип и Неготино – по 3, Кичево – 2, Кочани, Радовиш, Крива Паланка, Берово и Пехчево – по еден.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 8 починати лица, пет од Скопје (60г, 79г, 80г, 84г и 86г) и по едно починато лице од Кичево (69г), Неготино (68г), и Струмица (80г), а дополнително се пријавени шест починати лица од Тетово, Велес, Скопје, Куманово и Гостивар од периодот од 28.02. до 03.03.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 1.920.186 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.293, бројот на оздравени пациенти е 289.978, на починати е 9.137, а бројот на активни случаи изнесува 2.178.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...