Апел за помош на Украина: поставен шатор за хуманитарни донации на плоштадот „Македонија“

Фото: Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ и Meѓународниот штаб за помош на Украинците упатија апел за собирање хуманитарна помош за Украина.

Од здружението информираат дека се отворени повеќе пунктови каде граѓаните и компаниите можат да достават помош на следните локации: магацинот на компанијата „Кодинг Горска“ на адреса ул. „Шарпланина“ бр. 4 во Ѓорче Петров, секој работен ден од 10 до 19 часот, а во сабота од 10 до 14 часот, како и во шаторот за собирање на хуманитарна помош кој е поставен на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, секој ден од 8 до 20 часот. Сите информации околу испраќањето хуманитарна помош за Украина, граѓаните можат да ги добијат на бројот 071 755 818.