fbpx

Вулин: Во Хрватска се буди фашизмот, а ЕУ молчи

-

Српскиот министер за труд, боречки и социјални прашања, Александар Вулин, денеска изјави дека во Хрватска веќе со години трае будењето на фашизмот и апелираше до Хрватска, но и до меѓународната заедница да ја осудат ваквата појава.

„Ја предупредуваме и хрватската јавност и целиот свет дека фашизмот во Хрватска повторно се буди“, рече Вулин пред новинарите во Алибунар, коментирајќи го откривањето на спомен-обележјето од страна на хрватските ветерани, во центарот на Јасеновац, недалеку од поранешниот усташки концентрационен логор, на кое е врежан усташкиот поздрав „За дом спремни“.

Вулин изјави дека такво нешто „може да се очекува од земја во која претседателката на државата се фотографира со усташко знаме и во тоа не гледа ништо спорно“. Истакнувајќи дека тоа повеќе не е прашање ниту за Србија, ниту за Хрватска, Вулин оцени дека прашањето „до кога ќе молчат“ се однесува на целиот свет, пред сè на Европската Унија.

„Кога некој би поставил табла со реченицата „Зиг хајл“ (поздрав од времето на нацистичка Германија н.з.), во Маутхаузен (нацистички концентрационен логор во Австрија од Втората светска војна н.з.) дали некој би молчел. Дали некој може да прифати на губилиштето на стотици илјади Евреи и на сите оние кои беа убиени од нацистите, некој да напише „Зиг хајл“. Зошто тогаш молчат кога на губилиштето на стотици илјади Срби, Евреи и Роми се појавува ’За дом спремни’“, изјави Вулин.

Тој додаде дека за секое злосторство кое ќе остане неказнето останува опасноста тоа да се повтори и апелираше до Европа „заради самата себе и заради нејзиниот опстанок да го осуди будењето на фашизмот во една земја членка на ЕУ“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...