Србија оди на предвремени парламентарни избори, одлучи владејачката Српска напредна партија.
Премиерот Александар Вучиќ во обраќањето пред своите сопартијци рече дека потребен е стабилен и цел мандат за да можат да се спроведат реформите и Србија да влезе во Европска унија.
„Моја одлука е да одиме на избори. Изборите се само натпревар, ништо друго. Србија треба да каже дали сака или не сака во ЕУ“, рече Вучиќ.