fbpx

Врховен суд на Грција: Пензиите незаконски се намалени во 2012 година

-

Врховниот суд во Грција вчера пресуди дека владата треба да ја укине одлуката за намалување на пензиите во приватниот сектор од 2012 година, која била донесена во рамки на мерките за штедење договорени со меѓународните доверители.

Одлуката е спротивна на грчкиот закон и на Европската конвенција за човекови права затоа што ги лиши пензионерите од правото за пристоен живот, заклучил судот. Сепак, пресудата не се однесува за јавниот сектор.

Левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас вети дека ќе ревидира некои од намалувањата на платите и на пензиите за да ги ублажи мерките за штедење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...