Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Температурата ќе се движи од 27 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време со температура до 36 Целзиусови степени.
Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Од среда условите за попладневна нестабилност ќе се намалат.