fbpx

Времето денеска свежо со засилен ветер

-

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и посвежо, со мала локална облачност и со умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 13 Целзиусови степени.

До среда времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а до вторник и со умерен до засилен северен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието.

В четврток ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок и врнежи од дожд, особено во западните и во северните делови од земјава.

Утрово најстудено e во Лазараполе, Берово и во Маврово, каде се измерени минус 3 Целзиусови степени. Според мерењата, еден степен под нулата било во Крушево, нула во Скопје, Пожар, Тетово, Прилеп, Битола, Демир Капија, 2 во Пожаране, Крива Паланка, Струмица, 3 во Ѓуриште, Тополчани, Охрид, 4 во Претор, Виница, 5 во Штип и во Куманово и 8 степени во Дојран и во Гевгелија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...