fbpx

Времето денеска сончево и потопло

-

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови ќе има мала до умерена облачност. Ќе дува ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, претежно сончево, со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат доста свежи, наместа се очекува утринската температурата да се спушти до нула, особено во Беровскиот Регион, а преку денот температурата постепено ќе се зголемува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...