fbpx

Времето денеска сончево и потопло

-

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе има услови за локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Дневната температура ќе се движи од 13 до 21 Целзиусов степен.

Од утре, под влијание на изразено јужно воздушно струење, ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и обилни, особено во вторник и в среда. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, а в среда кон крајот на денот и ноќта ќе го смени правецот во северен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...