fbpx

Oблачно и дождливо

-

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Поинтензивни врнежи се очекуваат во претпладневните часови и околу пладне. Локално се очекуваат да наврнат до 15 литри дожд на еден квадратен метар. Во доцните попладневни часови врнежите постепено ќе престануваат.

На планините повисоки од 1.500 метри ќе има врнежи од снег.

Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 километри на час. Понекаде во западните предели ќе дува засилен источен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 9 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 3 односно до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна ќе достигне до 10 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...