fbpx

Времето денеска облачно, свежо и дождливо

-

Во Македонија денеска ќе преовладува облачно и свежо време, со врнежи од дожд, кои во јужните и во источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (повеќе од 30 литри на еден квадратен метар).

Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови, каде количеството на наврнат воден талог може да биде и поголемо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.  Максималната температура ќе се движи од 17 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно и свежо, со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максимална температура ќе достигне 21 Целзиусов степен.

Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Берово, 24 литри на еден квадратен метар.

Локални врнежи од дожд сè уште ќе има и утре претпладне. Во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која в петок ќе биде во интервал од 29 до 35 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...