fbpx

Во Охрид акција на „Супер радио“: Помалку автомобили, помалку метеж

-

Охридското „Супер радио“ ја почна акцијата „Помалку автомобили, помалку метеж“, со која ги повикува охриѓани колку што е можно помалку да ги користат автомобилите во текот на шпицот на сезоната, особено во центарот на градот.

– Идејата е да се обидеме сите заедно да го намалиме бројот на автомобили во центарот на градот. Ќе признаеме дека сите ние ги користиме автомобилите и кога треба и кога не треба и дека често седнуваме зад воланот и за минимални растојанија, со што се создава метеж, особено во централното градско подрачје. Да ги оставиме паркинг-местата за туристите и за оние кои навистина имаат потреба од тоа, особено во шпицот на сезоната, во текот на месеците јули и август. Фамозните катни гаражи се толку пати најавувани, но сепак остануваат само ветување за охриѓани – велат од „Супер радио“.

Додаваат дека ако веќе Охрид се декларира како туристички град, тогаш треба, барем во шпицот на сезоната, охриѓани да се откажат од минимум удобности за да може градот полесно да функционира.

Од „Супер радио“ најавија дека во текот на следната недела ќе испечатат и летоци кои ќе се делат во централното градско подрачје во знак на поддршка на акцијата и за подигнување на свеста кај граѓаните.

Акцијата ја поддржа и Советот за безбедност на сообраќајот во Општина Охрид.

„Зголемениот број на туристи и зголемен број на патнички и други моторни возила во Охрид, деновиве предизвикува исклучително интензивна сообраќајна фрекфенција, особено во централното градско подрачје. Поради тоа, до граѓаните на Охрид апелираме на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички автомобили. Како општински Совет за безбедност во сообраќајот, ги замолуваме нашите сограѓани, своите патнички моторни возила да ги користат при крајни и неодложни потреби и крајно рестриктивно да ги користат возилата, пред сè во централното градско подрачје“, порача Советот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...