fbpx

Вработените во обвинителствата од утре нема да работат ништо ако владата не седне на преговори

Од УПОЗ предупредуваат дека денешниот штрајк е предупредување, бидејќи ако во изминативе денови вработените во обвинителствата работеле само на итните и неодложни работи, од утре тие нема да работат ништо и целосно ќе се парализира правосудниот систем

-

Вработените од јавните обвинителства во земјава денеска повторно дојдоа во Скопје за да штрајкуваат за исполнување на нивните барања за покачување на платите. Штрајкот го организира синдикатот на УПОЗ при Сојузот на синдикатите на Македонија, а неговиот претседател Трпе Дејановски потсети дека денеска е 17-тиот ден од почетокот на штрајкот во јавните обвинителства.

Дејановски предупреди дека денешниот штрајк е предупредување, бидејќи ако во изминативе денови вработените во обвинителствата работеле само на итните и неодложни работи (претреси, притвори и неодложни жалби), од утре тие нема да работат ништо и целосно ќе се парализира правосудниот систем во земјава.

Од УПОЗ велат дека владата се лаже дека штрајкот ќе се стави во мирување единствено со формирањето на работна група. Тие порачуваат дека штрајкот нема да престане, а доколку работната група од пет министри не седнат да преговараат со нив уште денес, од утре штрајкот ќе стане поригорозен.

На денешниот штрајк од вкупно 390 вработени во јавните обвинителства низ земјава присуствуваа околу 300 лица.

„Ако ова не е доволен доказ за сериозноста на овој штрајк и единството кое го имаат штрајкувачите, не знам каква друга порака треба да испратиме“, изјави претседателот на УПОЗ, Трпе Дејановски.

Од УПОЗ велат дека последиците од гневот на штрајкувачите и блокираниот правосуден систем нема да бидат нивна одговорност.

Тие се револтирани дека вработените во обвинителствата во март наредната година нема да добијат зголемување на платите откога ќе има зголемување на минималецот од 3.000 до 3.500 денари месечно во земјава. Посочуваат дека тоа ќе направи уште еден хаос, а ниту еден вработен во обвинителствата нема да добие усогласување со порастот на минималната плата.

Изабела Илиева, претставник на синдикалната организација на Јавните обвинителства рече дека се собрале од сите обвинителства во земјава на штрајкот во Скопје и објави дека најверојатно од утре ќе почнат со заострување на штрајкот. Таа упати апел час поскоро да се седне на преговарачка маса за решавање на барањето за зголемување на платите.

Вработените во jавните обвинителства во штрајк, бараат зголемување на платите за 78 проценти

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...