fbpx

Воздушни напади врз авганистанскиот град Кундуз

-

Војската на САД соопшти дека утринава извршила воздушни напади на Кундуз, град на северот на Авганистан, каде талибанците вчера зазедоа голем дел од територијата.

Талибанските борци во координирани напади зазедоа повеќе од половина од Кундуз, стратешки важен град во Авганистан. Тие зазедоа неколку државни институции во градот, вклучувајќи ги болницата и зградата на судот, а подигнаа и знаме во центарот на градот.

Портпаролот на шефот на полицијата на покраината Кундуз, Сарвар Хусаини, рече дека авганистанските сили покренале операција на неколку фронтови за да се врати контролата врз градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...