fbpx

Во вторник бесплатен влез во сите музеи и локалитети во земјава

Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите е востановен на 22-та седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1982 година

-

Македонските музеи и локалитети во вторник, 18 април, ќе ги отворат портите за сите заинтересирани посетители во чест на Меѓународниот ден на културното наследство. Влезот со сите музеи и локалитети овој ден ќе биде бесплатен.

„Македонската култура и уметност-богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува. Дојдете, посетете и истражете на 18-ти април“, напиша на Фејсбук министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Инаку, Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите е востановен на 22-та седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1982 година. Овој ден секоја година служи за промоција на културното наследство и претставува можност за подигање на свеста за неговиот диверзитет и за потребата за негова конзервација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...